ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Дрвар сум, а ниту самиот немам доволно дрва, скапо е“

„Дрвар сум, а ниту самиот немам доволно дрва, скапо е“

Зголемувањето на цената на дрвата ги тера граѓаните да размислат дали претстојнава зима да се греат на дрва. И фирмите кои се занимаваат со продажба на дрва велат дека имаат големи проблеми. Имаат помалку муштерии, но повеќе трошоци за обезбедување дрва на големо.
84-годишниот Мехмед Дациќ, кој работи како дрвосечач, вели дека никогаш во животот не видел повисока цена на дрвото, но и помал интерес за купување. Вели дека иако ја работи оваа работа, финансиски не може да си обезбеди дрва ниту за себе.

„Работам овде и се колнам дека уште не сум купил дрва. А, земам пензија од 16 илјади денари. Работам овде со оваа пила и сè уште не може да купам дрва. Имам големо семејство, струјата поскапе, сметките се високи и за вода, артиклите исто така, не знаеме што ќе правиме. Да се сечат дрвата во планина, да се носат со коњи, со трактори повеќе од 200 километри, знаете колку се тие трошоци, а Македонски шуми ги има качено цените многу. И граѓаните се во тешка состојба, немаат пари, бараат заеми“, рече Мехмед Дациќ, дрвосечач.

Од Национални шуми велат дека пред еден месец ги поскапеле дрвата за 20%.

„Цената на дрвото се зголеми за 20%. Последната корекција на цената е направена во 2009 година, а од тогаш сите производни параметри се десеткратно зголемени. Зимава не се очекуваат нови поскапувања“, велат од ЈП Национални шуми.

Сопствениците на фирмите кои продаваат дрва велат дека освен што се соочуваат со високите цени, имаат и недостиг од работници. Тоа е бизнис што исчезнува, а земјава може да се соочи со уште поголема криза во иднина за да обезбеди дрва за греење.

„Нема, тешко е. Порано имаше дрвари, но тие заминаа во Италија, немаа тука сметка и оваа работа ќе исчезне. Јас работам во оваа работа 30 години, но како сега не било никогаш. Оваа година да ја истуркаме до крај и оваа работа ќе престане. Нема работници, оваа работа сака млади момци, што ќе правам јас на 73 години? Цел живот работам со дрва, но веќе не можам“, изјави Рамис Камбери, дрвар.

Граѓаните со кои разговаравме велат дека поскапувањето на дрвата ја оптоварува нивната економија. Се откажуваат од други нешта за да купат дрва.

Актуелно цената за кубен метар дрва достигнува и до 5.500 денари. Тоа е за околу третина повеќе од лани кога цените беа до 4.200 денари./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button