ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата не го спроведува Законот за јазици, а преведувачи чекаат вработување

Многу институции во својата внатрешна организација немаат секции за превод, толкување и лекторирање, за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Инспекторатот за негова примена, кој почна со работа пред неколку месеци, констатирал прекршоци во некои институции.

„Повеќето институции тврдат дека имаат недостиг на преведувачи. Сепак, тие треба да го почитуваат законот и да работат во согласност со законот и законските одредби“, вели Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за примена на јазиците

Дали мислите дека имале можност да го решат проблемот со преведувачите во периодот од стапувањето на законот во сила до сега?

„Лично мислам дека, да“.

Агенцијата за примена на јазиците обезбедува помош за превод и лекторирање за институциите кога тоа го бараат од неа. Сепак, оваа се користи многу малку. Оваа институција подготви извештај за примената на законот за јазици за 2021 година, но не се очекува да има значително подобрување од состојбата во 2020 година. Во таа година кога веќе поминаа две години од донесувањето на законот со кој јазикот што го зборуваат над 20% од населението стана втор официјален јазик, податоците беа разочарувачки. Од 119 институции, 88 немаа предвидено организациска форма за превод и лектура на и од албански јазик. 75 институции немаа преведувачи и толкувачи, додека 63 немаа предвидено пари за преведувачи и лектори.

Алсат побара информација од Агенцијата за вработување. На листата на чекање има вкупно 154 лица со дипломи за преведување и толкување од албански на македонски и обратно, професори по албански јазик, албанолошки студии и слично.

Дипломирани студенти по албански јазик бараат работа (состојба 31.01.2022)

Преведувачи и толкувачи од албански на македонски и обратно  4

Преведувачи и толкувачи од македонски на албански и обратно  12

Дипломиран професор по албански јазик и книжевност    26

Филолог по албански јазик  1

Филолог по албански јазик со македонски јазик и литература  2

Филолог по македонски јазик со албански јазик и литература  2

Професор по албански јазик   41

Професор по албански јазик и книжевност   41

Магистер по албанолошки студии  1

Вкупно 154

Законот за употреба на јазиците беше донесен во јануари 2018 година и една година подоцна требаше да се постигне негова целосна имплементација. Поминаа повеќе од четири години и спроведувањето зависи од слободната волја на директорите на институциите. Верзија на албански јазик не може да се најде на веб-страниците на многу институции, а други ја имаат само формално. Јавните огласи, формуларите и другите услуги за граѓаните, во најголем број случаи се само на македонски. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button