ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата уште не знае каква настава ќе има од септември

Додека се бројат последните денови од оваа учебна година, одлуката за враќање во нормална настава од септември останува да виси. Од Министерството за образование велат дека сè уште не е познато дали учениците од основните и средните училишта ќе можат да се вратат во училишните клупи во новата учебна година. Министерката Царовска уверува дека и таа и директорите на училиштата, наставниците, родителите и учениците се на мислење дека традиционалната настава треба да започне во септември, одлуката ќе зависи од епидемиолошката состојба.

 Во меѓувреме, резултатите од едно онлајн истражување спроведено лани за време на пандемијата од страна на УНИЦЕФ и организацијата Реактор, покажуваат дека учењето од далечина било успешно. Во оваа студија со 4.811 онлајн анкетирани лица, само 115 биле ученици, додека останатите биле директори на училишта, наставници, професори и родители. Учениците сакале онлајн наставата да продолжи и во новата учебна година.

„100% од учениците од истражувањето покажаа дека учењето од далечина се спроведува според распоредот. 93% од учениците изјавиле дека се задоволни од поддршката што ја добиле од училиштата и наставниците за време на наставата во далечина. 70% од учениците целосно се согласиле со онлајн настава за оваа година.“

Минатиот месец Министерството за образование подготви закон што вклучува и дигитализација на учебниците. Бројни реакции со протести и повици за бојкот пристигнаа од здруженија на ученици и родители кои се противат на целосното укинување на книгите и новиот концепт во образованието.

Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button