МАКЕДОНИЈА

„Државјанство“, Гаши: Бараме долгорочни решенија за граѓаните

Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашната емисија „Патот кон …“ на Алсат, изјави дека се прават сите напори да се постигне трајно и долгорочно решение за граѓаните кои се соочуваат со проблемот за државјанство. Според него, во разговори со претставници на владата, предложени се 15 документи со кои ќе се докаже дека „X“ граѓанин живее во оваа земја од пред 1991 година. Гаши дури ги истакна и пречките што според него доаѓаат од Агенцијата за национална безбедност, кои оваа категорија на граѓани ги прогласи за опасни за државата.

„За нас беше многу важно да докажеме дека граѓанин е роден и живеел тука во 1991 година и тоа може да се докаже со некои документи. На пример, можам да избројам неколку: Потврда за завршување на образованието, каде и да бил на училиште, во текот на 70-тите, 80-тите години и има потврда дека може да добие државјанство. Здравствена книшка, имотен лист, работна книшка, фотокопии од страната на стариот југословенски пасош или лична карта и некои други документи … за кои сме убедени дека еден од овие документи може да докаже дека некој граѓанин бил тука, во оваа земја во 1991 година и врз основа на овие документи тој би можел да добие државјанство“, изјави Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button