СПОРТ

Државно сениорско првенство во кајак на дива вода слалом в сабота во Демир Капија

Државно сениорско првенство во кајак на дива вода слалом ќе се одржи в сабота во Демир Капија, во организација на Кајакарската федерација и демиркапискиот клуб за кајак и кану, ,,Просек”.

-Натпреварувањата ќе бидат во машка и женска конкуренција. В недела пак, ќе се реализира отворено првенство на Демир Капија, ќе си ги одмерат силите кајакари и кајакарки од сите македонски клубови и плус од три клубови од соседна Србија. Гостите од нашиот северен сосед ќе бидат тука и в сабота, тогаш заедно со наши љубители на кајакот како спорт, ќе тренираат на водите на реката Вардар, појасни за МИА, Дарко Илиевски, тренер на демиркапискиот клуб.

Тој потсети дека демиркапијци имаат долгогодишна кајакарска традиција, како и многу освоени награди за кајакарење.

Настаните се поддржани од Општината Демир Капија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button