СПОРТ

Дуелот Фјури-Усик на 29 април, двете страни се блиску до договорот

Големиот дуел за обединувањето на светските титули во тешка категорија меѓу британскиот боксер Тајсон Фјури и украинецот Олександр Усик, се очекува да се одржи на 29 април.

Познатиот боксерски новинар Мајк Копингер изјави дека нема шанси овој настан да се случи во месец март, па се работи на тоа да истото се одржи во месецот април. И двајцата боксери се непоразени во кариерата (Фјури има 33 победи и 1 реми, додека Усик 20 победи и нема пораз), и двајцата се светски шампиони, па овој меч се очекува со голем интерес.

Новинарот објаснува дека двете страни се обидуваат да постигнат договор за да дуелот се одржи во Саудиска Арабија, каде приходите се поголеми. Но од другата страна, ова беше една од големит приќини зошто Тјсо Фјури ги одложи првичните преговорите, бидејќи ја претпочита Англија, каде ќе биде пред своите навивачи и ќе бара поголем дел од приходите. Сепак, во моментов нема ништо конкретно и официјално, иако двете страни со месеци разговараат за конечен договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button