ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

ДУИ бара оставка од министерот за здравство и одговорност за неколкуте трагични настани

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка и да преземе одговорност за неколкуте трагични настани што се случија изминатиот период.

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“, велат од ДУИ во денешното соопштение.

Од партијата велат дека е загрижувачки тоа што има намерна тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, а како пример го посочуваат последниот случај во Здравствениот дом во Куманово.

„Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции, туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани“, велат од ДУИ.

Според ДУИ, кај министерот за здравство има недостаток на посветеност и одговорност што е неприфатливо, особено кога здравјето и животот на децата се во опасност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button