ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ДУИ би коалицирала и со Путин!“

„ДУИ би коалицирала и со Путин!“

За власт ДУИ би коалицирала и со Путин, а камоли со Данела Арсовска или со Левица на Апасиев. Вака Алијанса за Албанците ја коментира неодамнешната соработка на градоначалничката на Скопје со ДУИ со именувањето на двајца директори од своите редови.

„Вие сте сведоци дека година дена по ред тераа голема пропаганда обвинувајќи ја Алијанса за Албанците дека е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, а еве нè денес се покажува дека сета оваа врева, немала никаква друга цел освен власт, тие да дојдат на власт. Веќе знаеме дека кога е власта во прашање, тие можат да коалицираат не само со ВМРО, не само со Левица, туку ќе коалицираат симболично и со Путин ако треба, само за да останат на власт“, рече Суреја Рашити- Алијанса за Албанците.

Првиот човек на ВМРО, Христијан Мицкоски потсети дека на локалните избори ДУИ беше силно против Данела Арсовска.

СДСМ оценува дека оваа соработка нема да се одрази во парламентарното мнозинство.

Градоначалничката на Скопје за директор на претпријатието „Паркови и зеленило“ го именуваше Зухејр Реџепи од Сарај, додека за директор на „Улица и патишта“ Саид Саиди од општина Чаир. Во знак на револт поради нивното назначување, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник на Скопје, обвинувајќи ја Арсовска дека го прекршила договорот./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button