ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ и македонските политичари да изградат споменик на иселени лица од државата, вели аналитичарот Атанасоски

Говорејќи на темата „споменици и крстови“, во вечерашното издание на емисијата „Патот Кон“ на Алсат, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски рече дека наместо политичките елити да градат споменици со етнички предзнак, треба да изградат паметник на сите граѓани коишто се иселија од државата.

„Дури и етничко-македонските политички лидери, особено ДУИ и нејзиниот водач, Али Ахмети, требаше, ако бидат искрени, што направиле со нивната политика во изминативе 20 години, иронично ќе кажам дека најмногу требаше да изградат спомени на иселените Македонци и Албанци од оваа земја, бидејќи иселувањето масовно се случи во изминативе 20 години и не ги одмина ни етничките Македонци ниту етничките Албанци и претставниците од сите други етнички заедници кои живеат во Македонија“, рече Атанасоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button