ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ ја заборави зелената агенда

ДУИ продолжува да се фали со реализацијата на кампањата наречена Зелена агенда, која ја презентираше пред повеќе од две години на локалните избори. А, според нејзините функционери, зелената агенда се исполнува кога тие излегуваат со пластични кеси и ракавици, за чистење на јавните површини пред камери.

„Заедно со Беким и членовите на огранокот на Чаир, и пријателите од структурата на Чаир, бевме дел од активностите на двата значајни секретаријати на огранокот Чаир на ДУИ, оној за здравство и животна средина. Здравјето и чистотата, два столба на зелената агенда“,

Партијата на Ахмети, ја претстави зелената агенда пред локалните избори во 2021 година, велејќи дека сите аспекти на Охридскиот договор веќе се исполнети. Ова дојде по кампањата „Зошто да не“, која првично предвидуваше земјата да ја води премиер албанец во мандатот на владата 2020-2024 година. И само две години подоцна, кампањата повторно се фокусира на албанскиот премиер, кој ќе има мандат од само 100 дена, оставајќи ја настрана најавената „зелена агенда“.

„По усвојувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор и неговата секојдневна имплементација, суштинските реформи, членството во НАТО, и запечатувањето на европската иднина, дојде време ДУИ целосно да се фокусира на квалитетот на животот, секојдневните животни услови, развојот, образованието и квалитетното здравство“, велеше Ахмети.

Според активистот за заштита на животната средина, Аријанит Џафери, сега кога се ближи кампањата за следните избори, Зелената агенда ќе се врати во фокусот. Сепак, потсетува дека агендата не само што не е реализирана, туку има регрес во областа на заштитата на животната средина.

„Иако канализацијата сè уште не е направена на двете локации каде што господинот Ахмети поминува најмногу време, во Зајас и Мала Речица, не верувам дека тие имаат лице да излезат на кампањата и да ја споменат зелената агенда. Што е направено? Направено е тоа што се откажа од Министерството за животна средина, кое треба да биде носител на зелената агенда. Понатаму, тие учествуваа во изготвувањето и гласаа за буџетот на Министерството за животна средина, каде што од 1,5% од буџетот, сега падна на 0,7% од вкупниот буџет. Значи, тој направи чекори наназад, направи регрес во однос на заштитата на животната средина“, рече Арјанит Џафери, активист.

Петте столба на Зелената агенда што ЕУ ги цели за земјите од Западен Балкан се:

(1) климатска акција, вклучувајќи декарбонизација, енергија и мобилност,
(2) циркуларна економија, осврнувајќи се особено на отпадот, рециклирањето, одржливото производство и ефикасното користење на ресурсите;
(3) биодиверзитет, со цел заштита и обновување на природното богатство на регионот,
(4) борба против загадувањето на воздухот, водата и почвата, и
(5) одржливи системи за храна и рурални области. Целите на овие столбови треба да се остваруваат преку конкретни активности, и поддржани со финансиски механизми и инструменти.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button