ДУИ не го исполни ветувањето за ветинг на функционерите, сега бара од владејачките партии да го направат
ДУИ не го исполни ветувањето за ветинг на функционерите, сега бара од владејачките партии да го направат
ДУИ, која беше на власт 20 години, повторно го актуализираше прашањето за ветингот или механизмот за проверка на функционерите. Поканата што партијата на Али Ахмети денеска ја упати до Владата, всушност е срамен наратив на ДУИ, кој не успеа да се реализира додека беше на власт, а ја враќа на маса, во услови кога е обвинета за криминал и корупција од епски димензии.
„Ги повикуваме сите политички партии, особено оние на власт, веднаш да побараат од меѓународната заедница мониторинг, целосен и сеопфатен ветинг на сите јавни функционери во последните 30 години“, велат од Демократска Унија за Интеграција.
Овој предлог ВМРО-ДПМНЕ го нарекува обид за политичка амнестија за криминалот што го направија ДУИ и нивните партнери од СДСМ.
ДУИ низ годините оценуваше дека граѓаните разочарани од немањето правда и високиот степен на корупција во државата во која владеа 22 години,и треба да се врати довербата во државата преку механизмот наречен ветинг, кој треба да го одвои чесниот од корумпираниот.
Но, овој предлог за ветинг со меѓународнио набљудување неколку години не го поддржуваат Европската Унија и Соединетите Американски Држави, кои ги информираа властите во земјава дека постојат други државни механизми за борба против корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во државните институции, пред се судските.
Но, и покрај противењето на ЕУ и САД, ДУИ продолжи да го промовира овој тип на ветинг, кој дури го стави во 5-те приоритети во изборната програма за 2020 година, кога победи на изборите и стана дел од владата.
„Демократската Унија за Интеграција ќе го наметне ветингот како политика што значи двојна контрола на секој кој ја презема улогата на јавен службеник, на секој политичар, обвинител и судија во државата бидејќи интегритетот на водечкиот поединец и водечката институција се основата на здраво општество“, стои наПрограма на ДУИ 2020-2024, страница 57.
За да го реализира ова ветување, ДУИ ќе се заложи за одобрување закон за ветинг и формирање агенција за спроведување на ветинг. Но, иако имаше време од целосен четиригодишен мандат, партијата на Ахмети не успеа да го одобри законот, уште помалку да формира агенција.
Дека ДУИ не се ангажирала за ветинг покажува и министерот за правда Кренар Љога, кој по добивањето на мандатот во 2023 година изјави дека во Министерството за правда нема документ за ветинг./Алсат.мк
Суад Бајрами