ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ повторно ветува отстранување на навредлива содржина од учебниците

Уште едно ветување од владечаката партија Дуи за отстранување на учебниците со навредлива содржина и искривување на фактите. На денешната средба на вицепремиерот Артан Груби со министерката за образование, Мила Царовска и поранешниот министер за образование, Арбер Адеми беше договорено согласно Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности да бидат разгледани и коригирани во сите учебници, почнувајќи веднаш со учебникот по географија за втора година во средно училиште.

„Со учебникот по географија за втора година на средните училишта, како и со други книги, ќе се примени член 26 став 2 од Законот за учебници. Во овој дел од законот е наведено дека повлекувањето на учебниците од употреба се врши ако тие содржат материјал што ги навредува историјата, културата и воопшто вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија”, наведуваат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Но, слични ветувања беа дадени од министри и заменици министри на ДУИ пред многу години. Алсат многупати извести за бројни грешки, суштински и навредливи во некои учебници во основното образование, како што се географија, историја и општество. Функционери на Министерството за образование постојано ветуваа дека ќе ги исправат грешките до објавување на новите книги, најавуваа и формирање на комисии, но овие книги сè уште продолжуваат да бидат дел од наставата. Во оваа книга се вели дека Албанците биле Македонци и дека со прифаќањето на исламската вера, станале Албанци.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button