ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дуќанџиите во туристичките места ќе работат и во недела

Иако туристистичката сезона почна, дуќанџиите од охридско-струшкиот се уште се со катанци на своите дуќани во недела, и за време на празниците. Велат загубите се огромни од неработењето изминатите неколку месеци . Бараат што побргу да бидат донеси измените на законот за трговија, со кои ќе се овозможи сопствениците на дуќани , односно трговците на мало и големо во туристичките места да работата во недела и за време на празници.

„Се надеваме на што побрзо решавање и што побрзо усвојување на законот, затоа што гледате дека туристичката сезона е во полн ек, почната е, а ние до сега бевме затворени. Досега претрпевме големи штети, овие пет-шест месеци додека на работевме. Но сепак се надеваме, а таква е најавата дека ова ќе биде јака туристичка сезона,па со работа во недела и празници и ќе успееме некако да избалансираме и да дојдеме до една позитивна нула. Инаку никогаш не беа доведени во прашање дуплите дневници и слободен ден“изјави Маја Бакалова-претседател на здружение „Чаршиски еснаф“-Охрид

Министерот за економија Крешник Бектеши, вели дека законските измени се веќе во собраниска процедура.Уверува дека најмногу за две недели ќе бидат изгласани и истите да стапат на сила.

„Дуќанџиите нема од што да се плашат. Ние тоа сме го ветувале и со законот за трговија и законот за работни односи, во делот на недела неработен ден и кога беше усвоен, беше најавено дека во туристичките места ќе може да се работи и во недела во зависност од сезоната и дали ќе биде преку цела година. Во законското решение не е утврдено до кога ќе важи. Таму е наведено дека важи за сите туристички места. Согласно законот за туристичка дејност, Струга и Охрид се туристички дестинации и тоа може да важи цела година“, изјави Крешник Бектеши-министер за економија

Со законот со кој се прогласи недела за неработен ден, се предвидува сите работници кои ќе работат да добијат дневници повисоки за 100 проценти.
Измените предвидуваат сите оние работници кои ќе работат во недела да добијат дневници поголеми за 100%. Бектеши денес оствари средба со дел од охридски дуќанџии и направи обикола на охридската чаршија. /Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button