ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дуковска: Крајната цена на струјата за стопанството е повисока од понудената на берзите

Стопанството секогаш плаќа поскапо од понудената цена на електрична енергија на берзите бидејќи има и дополнителни давачки, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска Павловска.

„Секој час на берзата има посебна цена. Цената којашто ја плативме во септември беше 650 евра за мегават/час. 200 евра може да биде во одреден час и за одредена мала количина. Но, да не заборавиме, над цената на електрична енергија доаѓа и цената за дистрибуција и пренос годинава е 11 евра. И да се појави на берза цена од 200 евра, тоа не е цена што ја плаќа стопанството“, вели Дуковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button