ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Дури 65% од фирмите не можат да најдат соодветен стручен кадар

Стопанството сè повеќе кубури со стручен кадар. Податоците од Стопанската комора на Македонија покажуваат дека квалификувани работници недостасуваат во дури 65 отсто од анкетираните фирми. Компаниите вложуваат во нов кадар преку дообуки на персоналот, но потребно е младите лица да се насочуваат кон стручните струки, дуалното и неформалното образование.

„Квалификуван келнер значи дека тој треба да помине обука каде што ќе има теоретски дел. Прво ќе се обучи да ја знае организациската поставеност во компанијата или во самото кафуле. Треба да ги знае сите стандарди како ХАСАП, треба да обезбедува безбедност при работата“, рече Наташа Јаневска, Стопанска комора.

Сè уште постојат стереотипи кај учениците, но и кај родителите при уписот во средно образование, признаваат надлежните. И додека тој тренд не се промени, пазарот на трудот ќе биде преполн со правници, економисти и слични професии за кои нема работа.

„Не значи дека одиш во стручно образование и не може утре да одиш на факултет. Има некои стереотипи од ученици, така мислам за жал“, рече Шериф Мифтари, Директор на Центарот за стручно образование и Обука.

Годинава за стручните места во паралелките во средните училишта конкурирале 65 отсто од основците. Само за споредба, во најразвиените економии во Европа како што се Германија и Швајцарија овој процент надминува 75 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button