ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Ревизијата потврди злоупотреби во Министерството за економија, ќе се бара одговорност

Според ревизијата спроведена во Министерството за економија, во 2021 година е доставен Софтвер за управување со апликации за потребите на министерството, во износ од над 2 милиони денари, но никогаш не е ставен во функција. Ова го соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши, кој додаде дека постојат индиции за прекршување на процедурите.

„Направени се прекршоци во постапката за јавна набавка. Во 2021 година, софтверот за управување со апликации беше доставен од физички и правни лица за потребите на министерството во износ од  2 милиони и 490 илјади денари, но не е во функција и нема објаснување или извештај зошто овој Софтвер не е ставен во функција. Постојат индикации за прекршување на процедурите, бидејќи целиот процес се спроведува во рок од 15 дена кога се знае дека за Софтвер  треба време .Ревизијата утврди дека ова претставува ризик и постои повреда, бидејќи за две недели беше извршена целата постапка”, рече Дурмиши.

Според Дурмиши, ревизијата, исто така, утврдила прекршоци во користењето на службените возила, вклучувајќи го и снабдувањето со гориво. Покрај овие прекршоци, според Дурмиши, констатирани се и неправилности во ангажманот на лица со договор на дело .

„Исто така, по посебна управна постапка, имаме информација дека државниот буџет е оштетен за 127 милиони денари или приближно 2 милиони евра, како резултат на непреземање мерки од страна на комисиите на министерството во периодот од 2019 до 2023 година. Комисии за прекршоци беа формирани во 2022 година, но до 2024 година тие не презедоа никакви дејствија поради што многу случаи застарија и државата го загуби овој износ”, додава Дурмиши.

Според Дурмиши, тој ги повикал надлежните органи да го разгледаат ревизорскиот извештај, нагласувајќи дека сите оние кои направиле прекршоци треба да одговараат.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button