СПОРТФУДБАЛ

Дуро: Ќе има силно ривалство до крај меѓу нас, Шкупи и Шкендија

Tренерот на Струга Трим Љум, Шпетим Дуро, е задоволен затоа што неговиот тим успеал да биде на врвот за време на паузата од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и да го носи епитетот на есенски првак.

Стружани до тоа дојдоа со домашна победа над Брегалница во последната рунда и зад себе ги оставија Шкупи и Шкендија.

„Ќе има силно ривалство до крај меѓу нас, Шкупи и Шкендија. Но, можам да кажам дека ние сме главните фаворити за титулата. Ние сме есенски шампиони и покрај сите проблеми кои ги имавме, тука се и натпреварите во Европа и густиот календар. Нашите ривали не направија предност благодарение на ова и мислам дека заслужено сме први“, изјави Дуро.

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се очекува да продолжи на 18 февруари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button