ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДВ: Ако кивне Тетово, кој ќе добие пневмонија?

Резултатите од првиот круг на локалните избори може да се рефлектираат и на централната власт. Ова е главен рефрен по првиот круг од изборите, со фокус на Тетово, каде во вториот круг во изборна трка остануваат кандидатите на ДУИ и БЕСА, кои се партнери во Владата, анализира „Дојче Веле“.

Како што се додава во текстот, тоа ги става социјалдемократите во деликатна позиција по прашањето – кому од кандидатите во Тетово ќе му дадат поддршка во вториот круг. Дилемата е актуелна во контекст на опозициските најави дека е можно ново создавање на владино мнозинство, а во дел од тие шпекулации се калкулира со потенцијално незадоволство на БЕСА, доколку не ја добие поддршката од СДСМ во вториот круг во Тетово.

„Ако кивне кандидатот на ДУИ во Тетово, пневномија може да добие кандидатот на СДСМ за Скопје. Ако кивне кандидатот на БЕСА, пневномија може да добие и владејачкото мнозинство“, гласи наративот за тетовската дилема.

Извори од владејачката коалиција засега не се впуштаат во дискусија на кој начин ќе се одмота тетовскиот јазол. Се очекува владините партнери да разговараат и да постигнат договор за ова прашање. Иако не се исклучува поддршка „пола – пола“, прашање е дали таа реално ќе може така и да се квантифицира.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button