ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДВ: Историјата се повторува: Лисабонска „декларација“ број два

Две европски престолнини станаа синоним за Дамокловиот меч над македонските работи и интегративни процеси. Ако синџирот на неправди што се одиграле во Букурешт конечно беше прекинат со македонското членство во НАТО, лошите спомени на Лисабон, односно на скандалозната Лисабонска декларација, повторно оживеаја „благодарение“ на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, пишува Дојче Веле.

Точно во финишот на португалското претседателство со Советот на ЕУ, од Закаријаш добивме два „данајски подарока“: македонскиот јазик го нарече „северномакедонски“, и изјави дека тој некогаш бил дел од бугарскиот.

Ако Европскиот совет на самитот во Лисабон 1992 година го услови признавањето на македонската држава од ЕУ под име што не го содржи зборот Македонија, изјавите на Закаријаш навестија дека танталовите маки за името на државата, сега ќе продолжат за името на јазикот и неговата генеза.

Таа со една изјава како кула од карти урна буквално сѐ: и вербата во добрите намери на португалскиот предлог, и вербата во европските вредности. Португалскиот предлог, кој овде беше оценуван како внимателен за чувствата на двете земји, по нејзината изјава добиваме впечаток дека тој бил добар параван зад кој лагодно се одвивале (и спонзорирани) активности само во една насока – ново вето, анализира Дојче Веле.

А, годинава одбележуваме три децении независност, и 16 години поминати во чекалната на ЕУ. Ако по сите компромиси направени во име на европската перспектива „наградата“ за тоа ни е вето, негирање на посебноста и преименување на македонскиот јазик, за што говориме ние? Повеќе немаме основа да зборуваме за европски вредности, ако тие не живеат во земјите на ЕУ, а уште помалку во нивниот однос кон земјите аспиранти. Време е да се каже – доста е!

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button