РЕГИОН

Два големи пожарa во Грција, температури до 43 степени

Грчките пожарникари денеска се борат со два огромни пожари во Родос и северозападниот дел на Пелопонез, со температури кои надминуваат 40 степени целзиусови.

Повеќе од 3.000 хектари борова шуми и маслинови градини изгореа во Ахаја, во близина на градот Патрас на северниот брег на Пелопонез, проценува Националната опсерваторија во Атина, која се потпира на слики од европскиот сателит „Сентинел-2“ кој е дел од Програмата за набудување на Земјата, Коперник.

Пожарот избувна во саботата и сѐ уште не е целосно изгаснат и ставен под контрола, па можно е опожарената површина да е уште поголема.

Метеоролошката служба најавува температури на Пелопонез од 44 и 45 степени целзиусови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button