ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два контингента вакцини до крајот на винекдов се очекува да пристигнат во земјава

Кинеските вакцини слетуваат во Скопје во недела со два авиона, а утре стасува пратка од околу 100.000 вакцини од Фајзер, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Кинеските вакцини во недела слетуваат во Скопје со два авиона во 14 и во 16 часот со по 250.000 дози. Веќе е направен план за складирање во поликлиникта Јане Сандански и во Институтот за судска медицина“, рече Филипче.

Министерот додаде дека во текот на утрешниот ден се очќекува пристигнување и на 100.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, обезбедени преку системот КОВАКС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button