СПОРТ

Два меча пресудни за репрезентацијата на Албанија

Фудбалската репрезентација на Албанија мора да ги добие следните два меча во Лигата на нации, против Казахстан и Белорусија, за да ги одржи живи надежите за првото место во четвртата група во Лигата Ц, во Лигата на нации. Дефанзивецот на Аталанта, Берат Ѓимшити, верува дека собраниот тим, со вистинско искуство и млади играчи, може да стигне до максимални бода и Албанија да застане на првото место во групата. Натпреварот Албанија-Казахстан ќе се одигра во недела на стадионот „Ер Албанија“ во 18.00 часот.

„Довербата е голема и ова е кај сите играчи на тимот, бидејќи знаеме дека имаме квалитет кај многу играчи и кај оние со искуство и кај оние кои дојдоа од младинците, како што е Чепеле кои се млади играчи. Верувам дека можеме да стигнеме до максимум бодови ако прикажеме две добри игри така како што ги организираме за да ги добиеме натпреварите“, рече Берат Ѓимшити, дефанзивец на Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button