ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два месеци пред локалните избори, се презентираат измените на Изборниот законик

Преференцијална листа и праг од 3 проценти за да се влезе во општинските совети се новите измени на Владата за Изборниот законик. За да може кандидатот да биде дел од советот, кандидатите ќе мора да обезбеди најмалку 3 проценти од вкупниот број гласачи во таа општина или на ниво на Град Скопје. Кандидатите со преференцијални гласови се избираат автоматски, додека гласовите на листата се распределуваат врз основа на редоследот.

„Се гласа и за партијата што ја претпочитате или сакате да ја гласате, како и за еден од листите предложени од коалицијата или партијата. Прагот за 1 советник да влезе на листата според овој метод е 3 проценти од вкупниот број на запишани гласачи во таа општина. Доколку една општина има 10 илјади гласачи, ќе бидат потребни 300 гласа за кандидатот да се најде на советничката листа. „Кандидатите со преференцијални гласови ќе бидат избрани автоматски, додека едната партија добива повеќе кандидати преку преференцијалните гласови, а потоа останатите ќе бидат избрани според рангирањето од партијата.

Доколку малите партии се спротивстават, Владата може да се повлече од предлогот и локалните избори да се одржат според сегашниот модел.

„Би било неприфатливо за која било партија да блокира измените во Изборниот законик кои имаат за цел подобрување на изборниот модел, кои главно се препораки на ОБСЕ-ОДИХР. Би било првпат да се оди на избори без препораки одобрени од ОБСЕ-ОДИХР. Но, сè додека има големи забелешки од малите партии или додека мнозинството не ги одобри измените, предлогот може да се смени или повлече и на изборите да се оди според сегашниот изборен модел“.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека датумот на изборите останува 17 октомври бидејќи изборната кампања се поклопува само три дена со пописот на населението и тоа не влијае на изборниот процес. 17 октомври беше и датумот што го побараа опозициските партии.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button