МАКЕДОНИЈА

Дваесет и едно прекршување на забраната за движење, 439 санкции за неносење маска

Министерството за внатрешни работи во периодот од 00:00 часот до 04:00 часот изутринава констатирало дека 21 лице не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button