МАКЕДОНИЈА

Двајца косовски државјани уапсени во врска со вчерашниот инцидент во Ѓорче

Возилото „голф“ од кое беше пукано кон друг автомобил, при што беше повреден полицаец е пронајдено вчера вечер околу 19 часот, информираат од МВР.

Поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода се лишени 40-годишниот Б.В. и 38-годишниот И.Л., двајцата од Косово.

Инаку вчера попладне кај кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров полицаец беше застрелан во ногата, по што беше пренесен во болница. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button