СВЕТ

Двајца загинати, деветмина исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади во САД

Двајца загинати, деветмина исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади во САД

Две лица загинаа, а девет се водат за исчезнати во експлозијата што се случи синоќа во фабрика за чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија.

Началникот на полицијата на округот Вејн Холбејн потврди дека има двајца загинати, деветмина исчезнати и неколку повредени во експлозијата во фабриката Р.М. Палмер во истоимениот кварт.

Експлозијата се случила вчера околу 17 часот по локално време (21 часот по средноевропско време), при што уништена е една зграда во фабричкиот комплекс, а оштетена е и соседната зграда. Причината за експлозијата е под истрага, рече Холдн на прес-конференција.

Тој истакна дека нема понатамошна опасност, но ги повика граѓаните да ја избегнуваат зоната во радиус од 100 километри околу фабриката, која се наоѓа северозападно од Филаделфија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button