ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Двајцата премиери Заев и Курти остануваат на нивните различни позиции за иницијативата Отворен Балкан

Премиерот на Косово, Албин Курти смета дека спротивставените позиции меѓу него и Зоран Заев за иницијативата „Отворен Балкан“ не ги загрозуваат добрите односи меѓу двете земји, ни спроведување на договорите. Тој останува на ставот дека иницијативите без ЕУ не заслужуваат поддршка.

„Како Република Косово ги поддржуваме сите регионални иницијативи во кои ја имаме Европската Унија и кои се од Европската Унија. Се разбира, сите овие договори што ги потпишавме, ниту еден од нив не може да се загрози во имплементација и покрај разликата што може да ја имаме.“

Ако регионот соработува повеќе, интеграцијата е поблиска, изјави премиерот Заев.

Албанскиот премиер Рама ја заостри реториката кон Косово. Според него, лекции не можат да и се делат на Албанија, а несогласувањата треба да се третираат со почит од сите страни. Рама додаде дека оние што го поддржуваат „Отворен Балкан“ не треба да се прогласуваат за предавници.

„Отворен Балкан не е игра на Србија. Не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија, ниту пак е воопшто отстапување од патот на членство во Европската Унија или од рамките на Берлинскиот процес. Сите овие се приказни со страшило за да се борат за фотелји, преку Фејсбук“

Само три земји се дел од Отворен Балкан, Македонија, Албанија и Србија.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button