ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две лица повредени при судир на скијачките терени на Попова Шапка

Две лица се повредени при судир на еден од скијачките терени на Попова Шапка. Според тетовската полиција, едното лице е малолетник, а другото вработен на Попова Шапка.

-Вчера во 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на скијачките патеки на Попова Шапка, малолетник од Косово додека скијал удрил во моторна санка што ја управувал А.Н.(32) од тетовско, вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар. Притоа, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпатола на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button