ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Две недели се чека Владата да ја потврди одлуката за нова банка во Пошта

Поминаа 15 дена откако  „Македонска Пошта“ одлучи платниот промет на пошта да се спроведува преку Халк Банка. Но банката не може да ја започне работата бидејќи одлуката не е помината на владина седница. Од владата не појаснуваат која е причината што оваа точка не се најде на дневен ред на  последните две седници.. Инаку, Управниот одбор на АД. Пошта на Северна Македонија ја прифати понудата на банката со образложение дека Халк ги има потребните критериуми за евалуација на понудата. Халк банка треба да ја преземе работата на веќе пропадната Еуростандард банка .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button