Движењето „Кој е следен?“ преку герила акција пред Основното јавно обвинителство во Скопје ги потсетија институциите на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Движењето „Кој е следен?“ преку герила акција пред Основното јавно обвинителство во Скопје ги потсетија институциите на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Движењето „Кој е следен?“ преку герила акција пред Основното јавно обвинителство во Скопје ги потсетија институциите на трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што велат од организацијата, со ваквата герила акција испраќаат порака за потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција. Тие порачаа дека утре ќе протестираат и во Кочани, а испратија апел до сите граѓани да им дадат поддршка на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс кој однесе 61 живот.
“Денес сме тука да ве потсетиме дека поминаа два месеци, два месеци од најголемата трагедија што се случи во нашата историја, најголемата трагедија што се случи пред наши очи. Денеска го потсетуваме ОЈО, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи, а а зад секој живот празно столче на трпезата, недокажана приказна, невозвратена прегратка и болка на која што и нема крај. Во овие два месеци хуманоста исчезна. Политичарите се впуштија во препукувања, пратеници си земаа одмор, а медиумите на системот направија се за да ги демонизираат оние кои бараат правда. Семејствата на загинатите и повредените беа оставени сами”.