ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Двоцифрена бројка на новозаразени со Ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.359 тестови, при што се регистрирани 86 нови случаи со КОВИД-19, 105 оздравени пациенти и едно починато лице, соопшти Министерството за здравство.

Од 86 новозаболени од Скопје се 46, Битола 23, Прилеп и Гостивар по 4, Куманово, Кавадарци и Велес по 2 и Струмица, Кичево и Виница по 1.

Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани се 105 оздравени пациенти и тоа од Скопје 55, Битола 21, Штип 5, Кавадарци 4, Охрид и Радовиш по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово по 2 и Гостивар, Велес, Виница, Неготино, Делчево и Пехчево по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), кое починало во болнички услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button