ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ДЗС: Пораснале и цените и трошоците за живот во април

Раст од 2,2 отсто за април, споредено со претходниот месец забележал Државниот завод за статистика, додека во истиот период цените на мало пораснале за 2 отсто.

На годишно ниво, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 10,5 отсто, а цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на трошоците на животот во април 2022 година, во споредба со март 2022 година, е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 12,9, свежото и разладеното овошје за 4,4.

Пораст на трошоците на животот меѓудругото е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 46,6 отсто, туристичките аранжмани за 8,9, гасот за домаќинствата за 4,1 отсто

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button