РЕГИОН

Еди Рама: Ние сме заложници на национализмот на Европската унија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека земјите од Балканот се заложници на национализмот што постои во ЕУ.

Изјавата ја дал на „Сими симпозиумот“ во Атина и објасни дека со блокирање на почетокот на пристапните преговори во Северна Македонија, Бугарија го следи примерот на други земји од ЕУ кои ги блокираат другите за свои лични интереси, пренесува агенцијата Танјуг повикувајќи се на извори од порталот „Егзит“.

– Бугарија забележа дека може да ја користи локалната политика за да блокира други – рече Рама, додавајќи дека Албанија се подготвува да започне преговори неколку пати откако доби уверување од Европската комисија дека преговорите ќе започнат.

Рама, исто така, посочи дека е потребно поголемо присуство на Грција во регионот и додаде дека земјите од регионот треба да се залагаат за реформи и да соработуваат за доброто на децата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button