ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Еди Рама повторно во елемент: „ЕУ ни дава апчиња против депресија“

Еди Рама повторно во елемент: „ЕУ ни дава апчиња против депресија“

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за француската телевизија, Франс24 повторно упати критики кон ЕУ и Бугарија поради блокирањето на евроинтеграцискиот процес за Албанија и Македонија. Статусот земја-кандидат, премиерот Рама го опиша „како еден вид апче против депресија за зголемување на моралот на земјите“. Тој истакна дека не е фрустриран, туку е загрижен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето.

„Не е Албанија таа што постигна бавен напредок кон ЕУ, туку ЕУ е таа која забави. Не сум фрустриран, туку многу загрижен поради неуспехот на Европската унија да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија“, рече Еди Рама, Премиер на Албанија.

Единствениот позитивен резултат за Албанија и С. Македонија на европскиот самит, според Рама, бил приемот во Советот со статус на набљудувачи. Двете земји повторно се далеку од отворање на првата меѓувладина конференција со ЕУ. Француската телевизија го опишува Рама како сè пофрустриран од фактот дека Тирана не чекори кон членство во ЕУ.

Албанија има статус на кандидат од 2014 година и потоа влезе во пакет со Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button