ВЕСТИСВЕТ

Една година од нападот на Конгресот, САД формираат единица против домашен тероризам

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе формира нова единица во Министерството за правда за борба против домашниот тероризам по минатогодишниот напад на 6 јануари на Конгресот од страна на приврзаниците на експретседателот Доналд Трамп.

Според најавите новата единица ќе функционира во рамки на одделот за национална безбедност и треба да обезбеди правилно управување со случаите на домашен тероризам и ефективна координација во рамки на Министерството и низ целата земја.

„Се соочуваме со зголемена закана од домашни насилни екстремисти и поединци во САД кои сакаат да извршат насилни злосторства… Домашните насилни екстремисти честопати се водени од комбинација на идеологија и лични проблеми. Видовме растечка закана од оние мотивирани од расна омраза, како и од поборниците на екстремистичките идеологии кои ги доведуваат во прашање владата и авторитетот“, истакна пред Комисија за правосудство во Сенатот, Метју Олсен, помошник на државниот обвинител во Одделот за национална безбедност при Министерството за правда.

Потребата од борба против домашниот тероризам во јавните настапи ја актуализираше и јавниот обвинител Мерик Гарленд. Во говорот пред конгресмените во мај минатата година тој порача дека дома домашните насилни екстремистички групи претставуваат голема закана за САД.

Темата за домашен тероризам во САД се експонираше по упадот во Конгресот кој голем дел од демократите го карактеризираа како домашен тероризам. За нападот во Капитол Хил, американското Министерство за правда поднесе кривична пријава против повеќе од 725 лица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button