ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Една недела по трагедијата во Тетово каде животот го загубија 14 лица

Тимот на германски експерти утрово дојде на местото каде што пред една недела во пожар во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Нивните истраги се базираат на форензичкиот аспект, но и на документација и фотодокументација на случајот.

Тимот на германската форензичка служба се состои од четири лица, двајца форензички специјалисти за истраги на пожари и двајца криминалисти за ласерско мерење на просторот и фото документација. Се очекува Германците да останат во земјава неколку дена. Обвинителството, од друга страна, не дава детали како ќе се постапува отсега во заедничката истрага што ја спроведуваат германски експерти и домашни обвинители. Пред неколку дена, Републичкото обвинителство објави проширување на истрагата, со што побара документација од Министерството за труд и социјална политика, од тетовската болница, но и од двете компании што ја изградија модуларната болница „Брако“ и „Том и Ари“.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button