МАКЕДОНИЈА

Едно лице загина, две се тешко повредени во сообраќајка кај Скудриње

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај долнореканското село Скудриње што се случи денеска околу пладне.

Според СВР Тетово, животот го загубил А.Д. (52) од Скопје откако на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Скудрињски мост се судриле две патнички возила, „Мерцедес” со дебарски ознаки и „Ауди” со скопски регистарски ознаки. А.Д. бил сопатник во аудито, а возачот и другиот сопатник кои здобиле тешки повреди се згрижени во дебарската болница од каде се префрлени на скопските клиники.

Возачот на мерцедесот поминал со полесни повреди.

Јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар извршиле увид на местото на несреќата. Телото на загинатиот е предадено на обдукција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button