СПОРТ

Едно прво и две втори места за македонските маратонци на меѓународниот маратон во Тирана

Голем успех постигнаа македонските маратонци на денешниот меѓународен маратон што се одржа во албанскиот главен град, Тирана. Во категоријата 10 километри – мажи првото место го освои Атанас Анчевски, кому му припадна парична награда во износ од 800 евра.

Во категоријата 42 километри-мажи второ место освои Игор Јакимовски, кому му припадна парична награда од 3.000 евра. Во оваа категорја прв на целта стигна Илир Келези од Албанија.

Второ место во категоријата Халф маратон-жени на 21 клометар, освои Адријана Попарсова на која и припадна награда во износ од 1.500 евра. Пред неа беше Наталија Семеноич од Украина.

Поради пандемијата со Ковид-19 минатата година оваа спортска манифестација не се одржа, а на годинешниот, петти по ред маратон чествува 2.500 маратонци, од нив 1.000 од целиот свет.

Учесниците на маратонот ги поздрави градоначаланикот на Тирана, Ерион Велиај, кој рече дека денешнот ден за метрополата е празник, зашто освен спортскиот дел организирани се и други културно-уметнички активности.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button