СВЕТ

Егзекуција или логор! Ким Јонг Ун објави „војна“ против фармерките, сленгот и странските филмови!

Северна Кореја неодамна воведе нов закон кој сака да го потисне секое странско влијание, строго казнувајќи ги сите оние кои имаат странски филмови, странска облека или дури и ако користат сленг.

Жителката на Сеул, Јун Ми Соу, за британски Би-Би-Си изјави дека имала 11 години кога првпат видела дека властите погубиле маж затоа што имал јужнокорејски филм со него. На целото негово соседство му било  наредено да ја следи неговата егзекуција.

„Имам силно сеќавање на човекот со врзани очи, сè уште гледам како му течат солзите. Тоа беше трауматично за мене“, ракла таа.

Како што пренесува Би-Би-Си, секој што ќе биде фатен со поголема количина филмови од Јужна Кореа, САД или Јапонија, ќе биде погубен, а ако некој е затекнат како гледа таков материјал ќе се соочи со прогон во логор во траење од 15 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button