СПОРТ

ЕХФ ги објави термините за полуфиналните натпревари за ЛШ

Европската ракометна федерација ги објави термините за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите, кои ќе се одржат во Келн на крајот на 2020 година. Првиот дуел ќе биде на 28 декември во 18 часот помеѓу Барселона и ПСЖ. Вечерниот термин во 20 часот и 30 минути се игра помеѓу Кил и Веспрем, по што ќе се дознае вториот финалист за дуелот кој се одржи ден подоцна. Навивачите нема да бидат на трибините во спортската сала „Ланксес Арена“, но ќе имаат можност виртуелно да бидат дел од овој спортски настан. Колку за потсетување, титулата ја има Вардар, кој победи на последниот турнир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button