ВЕСТИСВЕТ

ЕК препорача кандидатски статус за Украина

Европската Комисија препорача да и се даде кандидатски статус на Украина, изјави претседателката Урсула фон дер Лејен. Претседателката на Комисијата рече дека препораката за Украина доаѓа по деталниот преглед за подготвеноста на земјата за кандидатски статус, вклучувајќи ги политичките и економските критериуми.

„Комисијата препорачува Советот да и додели на Украина европска перспектива и да и додели кандидатски статус, што имплицира дека земјата треба да спроведе голем број важни реформи“. Украина јасно ја покажа својата посветеност за почитување на европските вредности и стандарди“, рече фон дер Лејен.

Фон дер Лејен рече дека Украина докажала дека има соодветен политички и функционален систем, бидејќи во последниве години го усогалсила своето законодавство со ЕУ. Таа додаде дека Украина направила многу во владеењето на правото и сега фокусот ќе биде на судството и начинот на кој се назначуваат судиите.

На состанокот одржан на 17 јуни, Европската Комисија препорача да и се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУи на Молдавија, но препорака не даде за Грузија. За препораките на ЕК, лидерите на ЕУ ќе разговараат за време на состанокот на 23 и 24 јуни во Брисел, на кој ќе биде донесена конечната одлука за препораките на Европската Комисија. Никогаш досега не било толку брзо дадено вакво мислење за членство во Европската Унија, одлука која треба да ја донесат сите 27 земји-членки. Зеленски ја поднесе апликацијата на Украина за членство во ЕУ набргу по почетокот на руската инвазија на 24 февруари, додека Молдавија и Грузија – веднаш по Киев.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button