СПОРТФОРМУЛА - 1

Екипата на Хаас ја донесе конечната одлуката за Мик Шумахер

Мик Шумахер повеќе нема да биде возач на Хаас, а се збогуваше со Формула 1, по само две сезони. Младиот германски пилот не можеше да го продолжи договорот со американската екипа,  која синот на 7-кратниот светски шампион, го замени со друг германец, Нико Хулкенберг.

Со месеци страните преговараа за продолжување на договорот, но тоа не се случи, бидејќи тимот на Хаас остана незадоволен од настапите на германецот, поранешен светски шампион во Формула 2 пред две години.

Мик скапо ги плати многуте несреќи што ги имаше со автомобилот Хаас, трошејќи многу за да го врати болидот во претходната состојба.

Другиот возач на Хаас е Кевин Магнусен, кој сега ќе има нов тимски колега. Сепак, иднината на Мик Шумахер може да продолжи да биде во Формула 1, како резервен пилот на друг тим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button