СПОРТФУДБАЛ

Екипите од Македонија со избалансиран учинок на европските натпреварувања

Избалансиран учинок за фудбалските тимови од Македонија на европските натпреварувања во новата сезона. Една победа, еден пораз и два нерешени натпревара. Актуелниот шампион Шкендија, со пораз ја започна европската авантура откако беше поразен во Скопје од шампионот на Словенија, тимот на Мура со 0-1. Сепак, тренерот Ернест Ѓока верува дека реваншот ќе биде поинаков. Ќе се бара пресврт во Словенија.

„Фудбалот е таков, ако не постигнете гол, тимот не може да се отвори. Имаме потенцијал за пресврт и ќе одиме во Словенија по победа“, рече Ернест Ѓока, тренер на Шкендија.

Во меѓувреме, од трите екипи од Македонија кои се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА, само Шкупи забележа победа, а Силекс и Струга Трим Лум одиграа нерешени средби од 1:1. Шкупи го совлада косовскиот тим Лапи со 2:0, благодарение на головите на Маркоски и Равбутаја. Ова беше воедно и прва победа на едни европски натпреварувања за Шкупи, по соочувањата со Глазгов Ренџерс, Пјуник и Нефчи.

Силекс одигра 1-1 во пресметката со Петрокуб од Молдавија, исто како и во Летонија, средбата Струга Трим Лум – Лиепаја која заврши со истиот резултат. Реваншите се на 13 и 15 јули.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button