ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Економист: Македонија од ,,хибриден режим,, во ,,демокрација со недостатоци,

Според истражувањето на „Економист“ за индексот на демократија во светот, Македонија за пет места го подобрила својот индекс на демократија од минатата година и е една од 13 држави од 167 кои го смениле својот статус.

Оваа година рангирана на 73то место, со резултат 6.03, земјава од „хибридни режими“ преминала во категоријата „демократии со недостатоци“. Изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи се петте мерки според кои се мери индексот на демократија, а од кои Македонија најдобро се покажала во изборниот процес, а најслабо во политичката култура.

Од регионот веднаш зад Македонија на 74 место се наоѓа Црна Гора, која исто така го подобрила својот скор на листата и заедно со Македонија, се две од четири држави кои го подобриле својот статус на Индексот, споредено со минатата година.

Генерално пак демократијата во светот годинава е во опаѓање со забележан пад од 5,37 на 5,28 од максималните 10. Најдобро рангирана според индексот на демократија на Економист е Норвешка а од регионот најдобро рангирана е Србија на 63 место, по што следи Албанија на 68.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button