ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Економски промотори“, ги воведе Грујо, ги продолжи Бујар Османи

Доживеа ли дебакл проектот за економска дипломатија на министерот Бујар Османи?! Иако лани помпезно беше најавено дека економски советници, ангажирани во амбасадите, ќе привлекуваат странски инвестиции, во моментов само четворица ја извршуваат оваа функција и тоа во Анкара, Абу Даби, Варшава и Минхен. Планот на шефот на дипломатијата, кој пред една година го потпиша Меморандумот со колегите од економија и земјоделие, предвидуваше лица и од овие Министерства исто така да се испратат во клучни економски центри.

„Министерството за економија сè уште нема испратено економски претставници во Брисел (задолжен за земјите од Бенелукс), Женева (со надлежност за Светската трговска организација) и Чикаго (надлежност за регионот на Илиноис, Мичиген, Висконсин, Индијана, Охајо и Минесота)“, изјаваат од Министерство за економија

„Досега, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не се вклучени во дипломатската мрежа како економски промотери“,  Министерство за земјоделство

Економските советници се замена за поранешните 33-ца економски промотери, што ги воведе Владата на Никола Груевски, кои се покажаа недоволно ефикасни, но земаа високи хонорари и до 4.000 евра месечно. Министерот Османи уверуваше дека сега, со новитетите на МНР, јасно ќе се гледаат нивните резултати.

„Колку компании сте сретнале, на колку сте им ги презентирале нашите можности, колку од тие одлучиле да дојдат во државата после вашата презентација, колку од тие што ја посетиле решиле да инвестираат… така што полесно се поставуваат параметрите коишто можат да се квантифицираат и евалуираат“, Бујар Османи – министер за надворешни работи (12.06.2021)

Од МНР за Алсат одговорија дека четирите ангажирани советници ја поминале првата евалуација, но нема конкретен одговор дали привлекле некоја инвестиција.

„…Во секој сегмент, економските советници се активни, во постојана координација се со МНР, а резултатите од нивната работа, некои се видливи на пократок, а некои ќе се ефектуираат после одреден период“, Министерство за надворешни работи

Од Министерството сепак повторуваат дека одлуката за испраќање на економските советници се покажала како исправна, позитивна и од корист за државата. Но, од Советот на амбасадори истакнаа дека оваа активност, воопшто не е соодветна за привлекување на странски инвестиции. /Алсат,мк

Лука Андреев 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button