ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Економскиот раст на земјава ќе забави, прогнозира Светска Банка

Економскиот раст на земјава во 2022 година се очекува да забави до 2,7 проценти при што реалниот БДП до средината на годинава ќе го достигне нивото пред пандемијата, оценува Светска банка (СБ) во Редовниот полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан.

Основното сценарио на СБ се темели на претпоставката дека акутната фаза на кризата ќе се ублажи во вториот квартал од 2022 година, дури и ако ефектите од санкциите заради војната во Украина продолжат и во текот на 2022, но и во 2023 година.

„Енергетскиот сектор, земјоделството и автомобилската индустрија ќе бидат попогодени од останатите сектори. Доколку се пролонгира војната во Украина дополнително ќе се намали надворешната побарувачка, ќе се зголемат цените на клучните стоки и енергијата, ќе се попречи мобилноста и ќе се одложат инвестициите,“ оценува СБ во прелиминарниот извештај и нагласува дека ова сценарио би довело до уште помал раст и фискални приходи, како и зголемени барања за фискална поддршка и пораст на трошоците за финансирање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button