ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Екс претседателот на Кривичен излезе од Шутка

По две недели зад решетки, разрешениот судија Владимир Панчевски денеска излезе од затворот во Шутка. Врховниот суд му ја укина затворската казна од две и пол години пресудена од Апелациониот суд. Тој беше осуден за злоупотреби со судски предмети со АКМИС Системот додека бил претседател на скопскиот Кривичен суд. Врховниот суд му ја укина казната на Панчевски бидејќи тој не бил повикан на јавната седница во Апелациониот суд за лично да ги даде своите аргументи по жалбата на пресудата на велешкиот суд. Сега предметот се враќа пред Апелација. Панчевски треба да биде повикан и да се донесе судска одлука. Седницата, Панчевски ќе ја чека на слобода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button