ВЕСТИЗДРАВСТВО

Експериментална вакцина против астма ефикасна кај глувци, ќе се тестира и на луѓе

Астмата погодува стотици милиони луѓе ширум светот, но експериментална вакцина нуди нова надеж за успешно лекување на оваа хронична белодробна болест, поврзана со стотици илјади смртни случаи секоја година, пишува Енаука.

Досега прототипната вакцина беше тестирана само кај животни, но истражувачите имаат намера да спроведат клиничко испитување и кај луѓето, со надеж дека пристапот може да обезбеди ефективен и долгорочен начин за заштита од астматичните напади.

„Идејата е во иднина да се постави превентивен пристап за популации изложени на ризик од развој на тешка форма на астма“, вели Лоран Гилемино од Институтот за инфективни болести во Тулуз, Франција.

Претходните истражувања покажаа дека еден вид моноклонално антитело што се користи во третманот на егземата, е ефикасно и во ублажување на симптомите и подобрување на функцијата на белите дробови во случаи на тешка астма.

Се смета дека тоа се должи на начинот на кој тоа антитело, наречено – „дупилумаб“, ја блокира сигнализацијата од интерлеукин-4 (IL-4) и интерлеукин-13 (IL-13) – цитокински молекули кои играат улога во имунолошкиот одговор, но кои исто така се среќаваат и во дишните патишта.

Кај генетски инженерните глувци одгледани да генерираат човечка верзија на цитокини IL-4 и IL-13, вакцината исто така покажала позитивни резултати, односно неутрализирање на цитокините и намалување на нивото на IgE, најмалку 11 недели по вакцинацијата.

Засега, истражувачите велат дека тоа е „доказ за концептот“ и оти долгорочна неутрализација на IL-4 и IL-13 може да се постигне со прототипот на вакцината.

Сепак, најитниот следен чекор е да се тестира и кај луѓето.

За таа цел, во моментов се организира клиничко испитување од компаниите „Гилемино“ и „Неовакс“, а пациентите во Тулуз и Стразбур се очекува да ги добијат првите дози во следните две години.

Наодите се пријавени во списанието „Nature“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button