Експерти: Барањето на ДУИ за ветинг, популизам
Експерти: Барањето на ДУИ за ветинг, популизам
Извршната директорка на Институтот за човекови права, Јелена Кадриќ, оценува дека барањето на ДУИ за ветинг е популизам, бидејќи оваа партија имала доволно време да го реализира истото додека била на власт.
Кадрик подвлекува дека пораките на меѓународните претставници се сосема јасни по ова прашање.
Кадрик оценува дека треба да се води сметка за реформските процеси за да нема интервенција поради популизам.
Инаку, ДУИ, која беше на власт 20 години, го актуализираше прашањето на ветингот или механизмот за проверка на функционерите. Всушност, барањето за ветинг е поодамнешен наратив на ДУИ, кој не успеа да го реализира додека беше на власт, притоа враќајќи го на маса, во околности кога е обвинета за криминал и корупција од епски димензии од новата власт на ВМРО ДПМНЕ. /Alsat.mk