ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Експерти: По растот на инфлацијата, зголемување на каматните стапки

Стапката на инфлација од 10,5%, не била на толку виско ниво од независноста од земјава велат економските експерти. Потребна е брза реакција и од Народната банка и од Министерството за финансиии. Повторно зголемување на каматната стапка на благајничките записи но и владини мерки кои ќе го раздвижат економскиот раст се опциите за смирување на високото поскапување на цените вели универзитетскиот професор, Зоран Ивановски.

„Веќе меморијата наша одамна не памети двоцифрени инфлациии. Може да очекуваме дополнителна интервенција од централната банка, а сепак во делот во борбата со инфлацијата сметам дека е време и да се вклучи фискалната политика зошто сепак реков дека инструментите и мерките на централната банка за ваков вид на инфлација се ограничени. Мерките мора да бидат насочени кон подршка на реалните инвестиции оние кои носат и влечат напред, односно обезбедуваат подинамичен економски“, рече Зоран Ивановски- Универзитетски професор.

Последната пресметка и Сојузот на синдикати е дека во април потрошувачката кошничка пораснала за 1,300 денари споредено со март. На четиричлено семејство му се потребни 38.104 денари за покривање на месечните трошоци. Според пресметката за храна и пијалоци за еден месец се потреби 16,458 денари, за домување 11.627, хигена 2.627 денари, превоз 3367 денари, за купување облека и обувки 2,176 и за одржување на здравјето 778 денари

Синдикална кошничка на ССМ:

Исхрана и пијалоци – 16 458 денари
Домување – 11 627 денари
Хигиена – 2 627 денари
Превоз – 3 367 денари
Облека и обувки – 2 176 денари
Одржување на здравје – 778 денари

Ценовната криза се забележува во речиси сите земји во светот. Рекорден раст на цените по повеќе години покрај земјава бележи и Грција, Данска и Албанија.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button